"Extra-S" Куманово
Продажба на трпезариски маси и столови на големо и мало
ЕКСКЛУЗИВНОСТ, МОДЕРЕН ДИЗАЈН И КЛАСИКА
"Extra-S" постои 5 години со сопствен салон во Куманово за продажба на мало и магацин за продажба на големо.
"Extra-S" е ексклузивен претставник на реномираната фирма - СЗР “МИТА” Лесковац - која е една од водечките фирми за производство на мебел од масивно дрво во Р.Србија како по техничко-технолошките карактеристики така и по застапеноста на пазарот. Фабриката успешно работи од 1987 год. Во облик на фамилијарна работилница која од ден на ден прераснува во една од најмодерните на Балканот. Производните капацитети, за производство на масивни трпезариски маси, салонски масички, витрини и масивни столчиња, кај кои горната плоча е изработена од медијапан оплеменет со храстов фурнир во девет стандардни бои, а основата на масата е од масовно буково дрво, се простираат на површина од 10.000 m2 во производни хали, сушара, објект за традиционално и компјутерско обработување, лакирање и специјални третмани на полупроизводите.
Она што ги карактеризира сите производи е препознатливиот квалитет кој е резултат на константно настојување за нивно подобрување. Цврстите темели и сигурната иднина на фабриката се флексибилноста на младите образувани кадри и освојувањето на современата технологија и нови производи како и искуството на старите мајстори и нивното познавање на душата на природните материјали, поради што, крајниот производ, нашиот мебел, не ве остава рамнодушен.